[fblike]

Започна новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта.

Традиционално првиот училишен ден започна во празнична атмосфера и со пригодна свеченост подготвена од вработените во нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово.

На сите ученици, пред се на првачињата им посакуваме топло добредојде во новата учебна година, успешно влегување во образовниот процес и стекнување со желба за учење на нови работи и многу знаења.

Образованието е важен, тежок, но навистина, интересен предизвик кој ги отвора вратите на знаењата, напредокот, личниот развој и успехот. Најубавите денови се ученичките денови. Порачуваме на учениците да влезат во образовниот процес со насмевка и со цел да постигнат резултати и да се изградат во личности кои утре ќе ја градат иднината на нашиот град Кратово.

Градоначалникот на Општина Кратово од свое лично име и од име на Советот на Општина Кратово им посака успешна и плодна школска година со доделување на ранчиња со училишен прибор и парична помош од 2000 денари на секое прваче во ООУ Кочо Рацин.

 

 

[fblike]

Напишете коментар