[fblike]

Нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“ Кратово во организација на Општина Кратово, зеде учество во најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 која се одржува од 17-19 мај. Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND.

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ Кратово беа задолжени за кругот на Тениското игралиште врз градскиот базен во Кратово каде што традиционално секоја година се одржува и чисти од секаков вид на отпад.

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и во Националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.

Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата.

Извор на текст: https://off.net.mk/vesti/makedonija/generalka-vikend-2024

[fblike]

Напишете коментар