[fblike]

Литературен и ликовен конкурс на тема:

 ,,БЕЛИ МУГРИ СВЕТЛИНА ВО ТЕМНИНАТА

По повод патрониот празник на нашето училиште, 22 декември, ООУ,,Кочо Рацин’’- Кратово распишува конкурс за литературни и ликовни творби на следната тема: ,,БЕЛИ МУГРИ’’- СВЕТЛИНА ВО ТЕМНИНАТА.

Литературен конкурс:

Конкурсот е отворен за сите ученици од I до IX одделение.Творбите може да бидат напишани во кој било литературен род (лирика, епика или драма) односно

  • Поетска творба
  • Прозен текст – есеј (есејот треба да содржи помеѓу 250 – 500 зборови)

На творбата потребно е да бидат напишани следниве податоци:

  • име и презиме на ученикот/чката
  • одделение во која учи ученикот/чката

Сите литературни творби треба да бидат предадени на наставниците по македонски јазик до 18.12.2023 (понеделник).

Најдобрите текстови ќе бидат наградени од училиштето.

 

Ликовен конкурс:

Конкурсот е отворен за сите ученици од I до IX одделение.Творбите може да бидат во било која техника и материјал

На творбите потребно е да бидат напишани следниве податоци:

  • име и презиме на ученикот/чката
  • одделение во која учи ученикот/чката

Сите ликовни творби треба да бидат предадени на наставниците по ликовно образование или одделенските наставници до 20.12.2023 (среда).

Најдобрите ликовни творби ќе бидат наградени од училиштето.

 

Избраните творби од страна на училишната комисија ќе бидат наградени и објавени на нашата веб страна и на фб профилот на училиштето како и во изложбениот простор на училишниот хол.

[fblike]

Напишете коментар