[fblike]

ООУ “Кочо Рацин” – Кратово се збогати со 2 нови нови интерактивни смарт табли, наменети за учениците од 4 -то одделение (новата концепција во основното образование).

Смарт таблите се резултат на идејата и заложбите на директорката Марина Бојковска која што планира во следните неколку години сите стари табли да бидат заменети со модерни, интерактивни.

Набавените смарт табли се со интерактивен софтвер на македонски јазик и можност за работа на пишување на 4 различни ученици одеднаш.

Исто така е извршена и обука за користење на истите на наставниот кадар што веднаш ќе започне со нивната употреба.

Планирано е сите застарени табли во училиштето да се заменат со нови интерактивни смарт табли.

 

[fblike]

Напишете коментар