„Забавувај се и учи англиски“ е Етвининг проект и е поврзан со Еразмус+ проектот „Учење англиски јазик преку драма и игри“. Во Етвининг проектот учествуваа училишта од Романија, Турција (две училишта), Португалија, Литванија и Македенија (координатор на проектот).
Етвининг проектот започна во септември 2021 година и траеше до јуни 2022 година. Во рамките на проектот учениците изработуваа постери, презентации користејќи различни веб-алатки и направија книга во Storyjumper.
Во проектот беа опфатени три теми – Музика, Храна, Нова година и Екологија.
Исто така учениците меѓусебно си разменија новогодишни честитки, а се одбележаа и „Деновите на Еразмус“ со соодветни активности.
Во Етвининг проектот учествуваа 10 ученици, а одговорни наставнички беа Наташа Иванова и Мирјана Манева-Арсовска.
Етвининг проектот се здоби со Ознака за квалитет и учениците добија сертификат за Етвининг ознака за квалитет на ученици.
Во рамките на Еразмус+ проектот „Учење англиски јазик преку драма и игри“ беше реализирана првата мобилност во Мерсин, Турција. Во мобилноста учествуваа четири ученици и тројца наставници. За време на мобилноста покрај другите активности учениците креираа и драми на тема Нова година и истите ги изведуваа на сцена. Од истите се издаде онлајн книга. На учениците им беа доделени Европас сертификати за учество во мобилноста. Овие сертификати се документи во кои се наведени вештините и компетенциите стекнати од страна на учениците при учество во Еразмус мобилностите. Овие сертификати учениците во иднина ќе можат да ги користат за збогатување на нивните биографии.
https://docs.google.com/document/d/1iGuOoYAzrHmX7i_-QRmekGXFNCcjbYfj27tW7MfA-4Y/edit
https://padlet.com/andadobromir/epviq5i749bvpctg
https://padlet.com/andadobromir/w29cbkoyv9ym6gsw