0Shares

 

 

 

 

 

ПРЕПОРАКИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕНА НАСТАВНИЦИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ

ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАВАТА ОД ДАЛЕЧИНА

1 / 4

1. Општи одредби

Препоракитесе однесуваат на сите јавни основни и средни училишта и се во насока да се поддржи реализација на ефективна и ефикасна онлајн настава, да се обезбеди етичко однесување на наставниците и учениците за време на реализација на наставата од далечина.

2. Реализација на наставата од далечина

  • Сите наставни часови, по правило, се реализараат на МС Тимс, како средство за одржување на онлајн настава преку синхрона комуникација во рамки на Националната платформа за учење на далечина.
  • Учениците коишто имаат пристап до Интернет, наставата на далечина, освен на компјутер или лаптоп може да ја следат и на паметен уред или мобилен телефон.
  • За учениците коишто немаат компјутерска опрема, немаат пристап до Интернет или за учениците од социјално ранливите категории, училиштето треба да обезбеди пристап до наставните содржини во некоја друга форма којашто одговара на можностите на учениците (печатени материјали, ЦД и сл.).
  • Родителите/старателите се должни да го известат одделенскиот или класниот раководител за сите технички проблеми со пристапот до наставата на далечина.
  • Правила на однесувања за време на онлајн наставата

3.1. Општи правила за онлајн наставата

  • Се препорачува сите камери да бидат вклучени за време на онлајн часот, освен доколку поради технички причини (слаба конекција или чести падови на истата) наставникот не наложи поинаку;
  • Микрофонот на учениците е потребно да биде исклучен за времетраењето на онлајн часот (опција “mute”), освен кога ученик одговара на поставено прашање од наставникот, поставува прашање заради нејаснотии поврзани со наставната материја во времето од часот кој ќе го определи наставникот.
  • Се препорачува одржување/следење на онлајн часовите на тивко место во домот, со оглед дека сите учесници на часот може да ги слушнат позадинските звуци кај оној кој зборува (шепотења и разговори, звуци од вклучен ТВ, лаење на домашни миленици и сл. звуци без оглед колку се тивки).
  • Не е дозволено снимање на онлајн часот од страна на наставниците или учениците.
  • За време на реализација на онлајн часовите се применуваат истите правила на однесување,како и на регуларните часови со физичко присуствово училиште и не се дозволени меѓусебни разговори за време на часот помеѓу учениците, преку вербална или електронска комуникација;

3.2. Присуство на онлајн часовите

  • Наставниците и учениците треба навремено да се приклучат на наставниот час согласно распоредот на часовите.
  • Присуството на онлајн часовите е задолжително, идентично како и при реализирање на наставата со физичко присуство во училиште.
  • Наставниците се задолжени да водат детална евиденција за присуството на учениците на секој онлајн час.
  • По правило, учесници на онлајн часот се наставникот и учениците од паралелката за кои е наменет часот.
  • Учениците немаат право да вклучуваат на онлајн часот други ученици од училиштето, односно ученици од друго училиште преку споделување на линкот за часот.

Секое постапување спротивно на точка 3.2. алинеја 1, 2, 3, 4 и 5 може да резултира со поведување и изречување на педагошки мерки во постапкатаутврдена во Правилнкот за педагошки мерки против ученикот, како и на други постапки пред надлежните органи.

  • Наставникот може да одстрани ученик од онлајн часот доколку ученикот:
    • на кој било начин го попречува одржувањето на часот;
    • се однесува недолично, вулгарно или дискриминирачки,
    • употребува непристојни зборови и/или вербално ги навредува останатите учесници на часот;
    • врши или поттикнува електронско насилство, постира коментари коишто може да се интерпретираат како навредливи, дискриминирачки или вознемирувачки, или испраќа електронски материјали со навредлива содржина кон останатите ученици и/или кон наставниците.
  • Во случај ученикот да е отстранет од онлајн часот поради некоја од наведените причини, истиот се евидентира дека е неоправдано отсутен од тој час, и против истиот може да биде поведена дисциплинска постапка и изрекување на педагошки мерки.

4. Одговорности на наставниците и учениците при одржување на онлајн наставата

  • Наставниците и учениците, во рамките на секој онлајн час, треба да создадат атмосфера за успешна реализација на наставата и процесот на учење, како и за поттикнување на соработка и почитување на другите.
  • За време на онлајн часовите, наставниците и учениците треба да промовираат учечко-поучувачка ефективна комуникација која што ги вклучува сите. Учениците треба да се мотивирани и активно да учествуваат во виртуелната училница.
  • При реализација на наставата на далечина се почитуваат насоките дадени во Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта за определената учебна година,  Упатството за реализација на наставата во учебната година и другите насоки дадени од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука.
  • Наставниците при реализација на наставата на далечина треба да користат современи дидактички стратегии, методи и техники.
  • При комбинираната настава (учење на далечина и настава со физичко присуство) наставниците треба да го испланираат наставниот час со активности за подеднакво учество на сите ученици.
  • За време на онлајн часот секој ученик треба да биде активно вклучен.
  • Наставниците треба да водат сметка за потребите на учениците со потешкотии во учењето кои за време на наставата на далечина работат според индивидуална образовна програма.
  • Не е дозволена намерна опструкција на наставните часови.
  • Се препорачува наставникот да ја води дискусијата, овозможувајќи им на учениците да коментираат и да поставуваат прашања.
  • Дискусиите на онлајн часовите треба да бидат во насока на процесот на учење, да бидат конструктивни, важни и добро артикулирани. Комуникацијата треба да се води со почит и да се користи културно и пристојно изразување.
  • За време на онлајн часовите учениците треба да избегнуваат теми и разговори коишто го попречуваат процесот на учење на останатите ученици.
  • Несоодветните говори, разговори и дискусии не се дозволени за време на наставниот час.
  • За време на формалните облици на комуникација, учениците и наставниците се должни да водат сметка и за неформалните облици на комуникација односно користење на правописните правила и во електорнската комуникација (на пр. пишувањето пораки и текст само со големи букви се смета за викање, бидејќи тие се користат во случај не предупредување или известување).
  • Без оглед на начинот на реализација на наставата (онлајн настава или со физичко присуство) секогаш мора да се почитува мислењето на другитe.
  • Наставниците треба да ги поттикнуваат учениците на критичка и аргументирана комуникација.
  • Не е дозволено испраќање електронски пораки и содржини односно оптеретување на комуникацијата со наставникот со ирелевентни содржини или теми коишто не се поврзани со наставата.
  • На учениците не им е дозволено да ги откриваат лозинките за пристап до апликациите и Платформата на другите ученици.
  • И наставниците и учениците треба да ја почитуваат доверливоста, односно да не се објавуваат, постираат и споделуваат лични информации, фотографии, видео и аудио материјали за себе и за другите.
  • На Платформата/МС Тимс не е дозволено поставување и споделување на неформална содржина од забавен карактер или пак содржина што не е наменета за едукација, како и интернет врски коишто не се однесуваат на наставата или пак водат до малициозни содржини.
  • При учењето на далечина се очекува учениците да бидат независни и самостојни, мотивирани, посветени и дисциплинирани.
  • Учениците не смеат да практикуваат препишување и лажно претставување за време на наставата на далечина со цел стекнување предности во однос на другите од аспект на оценување на постигањата на учениците.
  • Секое прекршување на авторските права се смета за лична одговорност на корисникот на Платформата/учењето на далечина.
  • Учениците се охрабруваат да напредуваат, да се грижат за себе и за другите.
  • Наставниците се должни да се грижат за здравјето на учениците (оптеретеност на видот и ‘рбетот на учениците) при работата со ИКТ уредите и во текот на наставата треба да предвидат одмор за раздвижување, релаксација на видот и подобрување на циркулацијата.

5. Завршни одредби

За почитување на Препоракитесе грижат директорите на училиштата.

Препораките се објавуваат на веб-страницата на училиштето и на јавниот портал на Националната платформата за учење на далечина.

24 ноември 2020година Министерство за образование и наука
Коментари

Напишете коментар