[fblike]

Учениците од ООУ,,Кочо Рацин” Кратово, по повод 24 Мај-Денот на сесловенските просветители во рамките на наставните содржини по предметот македонски јазик и литература имаа низа  активности – твореа и истражуваа за значењето на Кирил и Методиј.

За таа цел учениците имаа рецитаторско читање во медијатеката на ООУ,,Кочо Рацин”. Преку своите текстови тие го истакнаа значењето на словенските просветители, кои во IX век ја создале првата словенска азбука- глаголицата, направена врз база на македонските говори. Врз основа на глаголицата, од страна на нивните ученици, е направена кирилицата која денес претставува официјално писмо.Освен азбуката, мисијата на браќата Кирил и Методиј ни ја оставија и писменоста и духовноста.

На нас останува да го почитуваме и негуваме нивното наследство.

[fblike]

Напишете коментар