[fblike]

Почитувани,

по повод патрониот празник на нашето училиште ООУ„Кочо Рацин” – Кратово, се известуваат наставниците, учениците и родителите дека на ден 22.12.2020 год. (вторник) училиштето ќе работи со скратено времетраење на часовите.

Часовите ќе бидат скратени 10 минути. Еден наставен час ќе трае 20 минути, а големиот одмор 10 минути.

Наградените ученици кои учествуваа на ликовниот и литературниот конкурс ќе се објават тука заедно со сите учесници. Воедно ќе можете да ја разгледате и изложбата на ликовни и литературни творби.

Со ова обраќање воедно Ви го честитам празникот и Ви посакам многу здравје, мир, радост и љубов и следната година да го прославиме во просториите на училиштето.

Директор Марина Бојковска

 

[fblike]

Напишете коментар